По големиот успех со нумерата „Нисам крива ја“ со која ја одушеви публиката ширум регионот, Северена воопшто не застанува, туку продолжува да провоцира како никогаш претходно.
Популарната пејачка веќе го најави новиот сингл „Позови ме ти (Анксиозна)“, кој премиерно ќе биде објавен на 6 август, а со првите фотографии и стихови веќе предизвика огромен интерес на социјалните мрежи.
На Инстаграм сподели промотивни фотографии на кои позира во црвен корсет и мрежести хулахопки, додека во описот на објавата откри и дел од текстот на новата песна.
