Приведена 23-годишна снаа во Македонска Каменица – нападнала свекрва, фрлила нож кон свекор

23-годишна жена од Македонска Каменица е приведена по семејна расправија во која дошло до физички напад и употреба на нож.
Според пријавеното во полицијата, на инцидентот му претходела расправија меѓу жената и нејзиниот сопруг. Таа потоа физички ја нападнала свекрвата, а кон свекорот фрлила нож, при што го удрила во ногата.
По тоа, свекорот ја удрил со тврд предмет.
Жената била приведена завчера вечерта во 21:35 часот.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e