Годините ништо не ѝ можат – Неда Украден го прослави 76. роденден во бикини

Музичката ѕвезда Неда Украден го прослави својот 76-ти роденден и уште еднаш го потврди својот статус како една од највиталните и најценетите дами на шоу-бизнисот.

Позирајќи покрај морето во лежерен црн фустан со син костим за капење видлив под него, Неда Украден им испрати на своите следбеници емотивни зборови на благодарност.

„Уште една година, а во моето срце има уште повеќе љубов, спомени и благодарност. Не ги бројам годините, ги бројам моментите што ме направија среќна. Благодарна сум за секој нов ден, за моето семејство, пријателите, мојата публика и сите вас кои сте со мене со години“, напиша познатата пејачка, која нагласи дека животот е најубав кога се живее до максимум.
Оваа година, таа го прослави својот голем ден на море и со нејзиното најблиско семејство, со нејзината ќерка Јелена, трите внуци и блиските пријатели кои ѝ помогнаа да ги издува свеќичките на роденденската торта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e