Со својата неспособност, нестручност и неодговорност, Владата, локалната власт и надлежните институции вршат злосторство врз граѓаните на Гостивар.
Ние во Прилеп немаме таков проблем. Барем засега, г.мната од канализационата мрежа се’ уште не протекле низ славините во кујните и купатилата.
Нас не’ трујат на пософистициран начин – преку воздухот.
Од подножјето на Марковите Кули, барем еднаш неделно, во сите прилепски домови стасуваат чадот и смрдеата од запалените кабли и автомобилски гуми.
Малку подесно од Марковите Кули, од кај Плетвар, отровни облаци од мермерна прашина речиси секојдневно го покриваат и затемнуваат Прилеп.
Од битолската страна на Пелагонија таканаречната „ружа на ветрови“ од РЕК Битола ни ги носи невидливите но канцерогени ПМ 10 честички.
Тука некаде, кај с.Алинци, се наоѓа нашето прилепско ѓубриште неправилно наречено „депонија“, кое чат-пат се пали и ни испраќа смрдливи „димни сигнали“.
Воопшто не е за потценување труењето кое како редовна порција го добиваме од прашината од неизмиените улици, полните контејнери, илјадниците автомобили и други „непознати“ извори на аерозагадување.
Тие упорно не’ трујат, ама ние “машки“ издржуваме! Против тивкото умирање херојски се бориме – со молк и наведната глава!
ФБ став на Зоран Милошески
