Пред неколку дена, атрактивната пејачка Софија Маневa ја објави „Лигав тип“, една од нејзините први песни во кариерата, која доби нов и модерен звук.
Песната е проследена со високобуџетен видео спот, реализиран во голема продукција со бројни статисти и модели. Со „Лигав тип“, Софија носи свежа енергија, модерен пристап и визуелно атрактивна приказна. Во спотот таа блеска во неколку различни модни комбинации, кои изгледаат светски, модерно и секси, дополнително нагласувајќи ја нејзината атрактивност и енергијата на целиот проект.
Автор на песната е Перо Манев, таткото на Софија, кој стои зад музичката приказна на „Лигав тип“. За визуелниот дел се погрижи режисерот Даниел Јовески, кој го потпишува видео спотот. Проектот е реализиран со многу внимание, енергија и работа, а за Софија претставува нов чекор во нејзината музичка кариера и најава за период во кој планира уште посериозно да се посвети на музиката.
„„Лигав тип” е проект во кој вложивме многу енергија, љубов и работа и едвај чекам публиката да го види и слушне. За мене ова е само почеток. Во изминатите години имав можност да бидам присутна на македонската музичка сцена, но сега сакам уште посериозно да се посветам на создавање нова музика, нови песни и нови проекти. Имам многу идеи и планови кои допрва ќе ги реализирам. Верувам дека публиката ќе ја препознае мојата енергија, а најубавото допрва доаѓа“, вели Софија Маневa.
Со „Лигав тип“, Софија Маневa отвора ново поглавје во својата музичка приказна и најавува период исполнет со нова музика, проекти и соработки. Нејзината цел е преку квалитетни песни и атрактивни визуелни проекти да продолжи да го гради својот препознатлив музички стил.
