Боки 13: Повеќе од 20 години возев без дозвола, конечно положив

Бојан Јовановски – Боки 13 откри дека повеќе од две децении управувал автомобил без возачка дозвола. Тој во телевизиско гостување „Вечер во Охрид со Ландов и Вик“ рече дека минатата година, на 39-годишна возраст, конечно го положил возачкиот испит.
Јовановски нагласи дека сите делови од испитот ги положил од прв обид – тестовите, полигонот и градското возење.
„Повеќе од 20 години возев без возачка дозвола. Никој да не го следи мојот пример“, рече Боки 13, додавајќи дека сега има важечка дозвола и вози легално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e