Бред Пит ја предупреди Анџелина Џоли дека ќе е подготвен да се бори за заедничко старателство за нивните деца.
Пит вели дека е навистина изнервиран заради тоа што неговата сопруга ги пополнила документите за развод, потег кој може да ги стави нивните деца во ризик и изворот близок до Бред Пит вели дека нема шанси дека ќе и дозволи старателство да добие само таа.
Изворот вели и дека Пит и е лут на Анџелина затоа што ја извртувала вистината откако таа го нарече дека тој не е добар татко и дека има проблеми со бесот и алкохолот.
Овие неколку дена Бред разговарал со Анџелина молејки ја да се разведат како “возрасни” и без поголеми проблеми алудирајки на тоа дека Анџелина Џоли и нејзината фамилија се голем магнет за папараците и дека баш тоа може да им наштети на децата вовлекувајки ги и нив во сево ова.