Адвокатот на Џоли Роберт Офер за Ројтерс потврдил дека актерката поднела барање за развод во понеделникот, додавајќи дека “одлуката е направена за здравјето и благосостојбата на семејството.”
“Анџелина нема да коментира, затоа што во моментов сака да даде приватност на своето семејство”, вели Офер во соопштението. Според американските медиуми, на еден од најпознатите холивудски бракови му дојде крај поради наводна расправија во врска со децата.
Актерката бара целосно старателство над нивните шест деца, а Бред да може само да ги посетува.
Пит и Џоли се венчаа во 2014 година, но нивната блиска врска стана предмет на шпекулации во 2004 година, кога тие играа заедно во филмот “Г-дин и г-ѓа Смит”. Во тоа време, Пит беше во брак со актерката Џенифер Анистон.
Во јануари 2005 година, Пит и Анистон објавија дека се разведуваат, а Анистон поднесе барање за развод, неколку месеци подоцна. Во април 2004 година, се појавија слики од Пит, Анџелина Џоли и нејзиниот посвоен син Медокс во Кенија.
Џоли подоцна ја посвои нејзината ќерка Захара од Етиопија а на почетокот на 2006 година објави дека таа и Пит очекуваат бебе. Набргу потоа, Пит доби законско право да ги посвои Медокс и Захара.
Нивната ќерка Шилох е родена во мај 2006 година, а синот Пакс е посвоен од Виетнам, во март 2007 година. Џоли ги роди близнаците Вивиен и Кнокс во јули 2008 година.
За поврзани вести продолжете надолу