Ријана повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со новата кампања за нејзиниот бренд долна облека Savage X Fenty. Пејачката лично ги претстави новите парчиња од колекцијата за 2026 година, а нејзините фотографии и видео веднаш предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи.
Во еден од највпечатливите видеа, 38-годишната Ријана позира во црн градник и гаќички со бели чипкани детали, со подвезици, проѕирни црни чорапи и високи потпетици. Таа во слично издание се фотографираше и кон крајот на јули, кога на своите следбеници им порача дека тоа е знак да се почестат со ново парче од Savage X Fenty.
