Новак Ѓоковиќ (39), најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за каталонски „Спорт“ објави кога ќе ја заврши својата импресивна кариера.
Освојувачот на рекордни 24 гренд слем титули и 40 мастерси го освои најголемиот трофеј во 2024 година во Париз, кога го освои олимпиското злато. Ѓоковиќ истакна дека тоа било круната на неговата кариера.
На прашањето дали натпреварувањето на следните Олимписки игри, во Лос Анџелес во 2028 година, е сè уште цел или повеќе сон, Ѓоковиќ одговори: „Мислам дека е и двете. Сон и цел, но и желба. Многу пати во последните неколку години кажав дека би сакал да стигнам до Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Мислам дека можам да го остварам тоа. Ќе видиме. Ќе зависи од тоа како реагира моето тело и од многу други околности.
Денес не играм ниту се натпреварувам на толку многу турнири, не толку колку што правев во последните дваесет години. И решив да го направам тоа затоа што сакам да поминувам повеќе време со моето семејство и навистина да се посветам на различните улоги што ги имам во животот, како сопруг, татко, син или брат, додека развивам други работи што ме интересираат.
Секако, тенисот е сè уште во центарот на мојот професионален живот, но сакам да најдам и рамнотежа и затоа го променив мојот календар. Сепак, сè уште се надевам дека ќе можам да стигнам до следните Олимписки игри и да ја завршам кариерата со знамето на Србија на моите рамена.“
