(Фото) Мистер со сексапил – Октај Сејди позира со голо торзо во Тајланд

Октај Сејди веќе ја почувствува атмосферата на „Мистер Интернешнал 2026“, а судејќи според фотографиите што ги споделува на социјалните мрежи, престојот во Тајланд ќе го памети по бројните фотосесии, новите познанства и забавите со останатите кандидати.

Македонскиот претставник моментално престојува во Пукет, каде што учесниците на меѓународниот избор имаат исполнета програма пред големото финале, кое ќе се одржи на 26 септември во Бангкок.

Сејди објави серија фотографии со кои покажа дел од атмосферата во Пукет – сончеви денови на плажа, дружења со останатите кандидати, фотосесии и вечерни излегувања.

На една од фотографиите Октај позира со голо торзо и бел чаршаф обвиткан околу половината, во издание кое потсетува на приказите на античките грчки богови.

Не изостанаа ниту фотографиите од плажа, каде што тој и останатите учесници ги покажаа своите извајани тела, како и кадрите од заедничките вечерни забави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e