Брена откри што има во гаражата: „Имаме автомобили за работа, за парада, па и еден за на пазар“

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ со години важат за еден од најбогатите парови на регионалната естрада, а нивниот луксузен животен стил често го привлекува вниманието на јавноста.

Покрај недвижностите и јахтата, семејството има и богат возен парк, но како што открива Брена, автомобилите во нивната гаража немаат иста намена.

„Ние имаме автомобили кои се работни и кои се парадни. Имаме автомобил кој е за на пазар“, раскажала пејачката.

Иако може да избира меѓу повеќе луксузни автомобили, Брена има една необична желба – мал градски автомобил со кој лесно ќе може да се движи низ градот и да најде паркинг.

„Јас би сакала да можам да купам еден Смарт, за да можам да го паркирам каде што сакам. Тој автомобил го барам веќе толку години, но Боба не ми дозволува да возам мали автомобили. Вели дека не се безбедни“, открила Брена.

Според претходните пишувања на регионалните медиуми, во возниот парк на семејството има автомобили од престижни марки, меѓу кои „Јагуар“, два „Мерцедес“ џипови, „Форд“ и „Ренџ Ровер“. Скапи автомобили поседуваат и нивните синови.

Луксузот не завршува со автомобилите. Брена и Боба поседуваат повеќе недвижности, меѓу кои раскошна вила на Бежаниска Коса во Белград, како и имот во Мајами.

Пејачката во една прилика открила дека Мајами е едно од нејзините омилени места за престој, но поради професионалните ангажмани поголемиот дел од времето го поминува на пат.

„Најмногу сум во автомобил, хотел и авион“, се пошегувала Брена, додавајќи дека за неа дом е она место каде што се нејзините деца.

И покрај луксузот кој го опкружува, Брена вели дека најважно за неа е да има слобода да патува, работи и ужива, а во тоа, како што истакнува, голема поддршка ѝ е сопругот Боба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e