Во третата економија во Европа отсега не смеете да се разболувате

Во третата економија во Европа отсега не смеете да се разболувате. Или ако веќе си го дозволите тој луксуз, тогаш можи да боледувате најмногу 5 дена. Ни ден поќе.
Така рече компетентниот директор на Фондот за здравствено осигурување, фискултурецот Перински. Башка, фискултурецот им се закани на потенцијалните болни дека во 5-дневното боледување, на крај на памет не смее да им падни да го пречекорат прагот од излезната врата! Оти фискултурецот ќе испраќал контролори по куќи кои, ако случајно болните не ги најдат дома, ќе им оставале пусулче со кое директно ќе ги праќаат сургун – во Сибир или Анадолија, по избор на болните… се’ во духот на демократските принципи на Владата.
За да нема злоупотреби, на болните кои ќе ги затекнат дома ќе им вршат детални специјалистички прегледи на лице место. Од извори блиски на Владата дознаваме дека специфичните случаи на промена на катетер и третман на хемороиди, ќе се одвиваат под будното и стручно око на фискултурецот… за да, не дај боже, се избегнат било какви компликации.
После ваква грижа, како чоек да не биди горд на власта?
Инаку, драгиот ни премиер утре ќе заминувал за Америка каде ќе имал средби на, како шо рече „ултра високо ниво“. Шо би требало да значи дека за разлика од тогаш кога беше на инаугурацијата на Трамп, овој пат има шанси на „ултра високите средби“ да биди во иста сала со американските функционери.
Македонските граѓани тешко ќе го поднесат отсуството на Мицко од татковината, коешто во европски рамки можи да резултира со пад на економскиот џин од трето на четврто место.
Пу-пу, скраја да е!

ФБ став на Зоран Милошески 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e