Националната прослава се одржа на Плоштадот на Републиката, а сценариото за неа го подготви Игор Пирковиќ, во режија на Роман Кончар. Според владината канцеларија за комуникации, културно-уметничката програма ја слави татковината и нејзиниот народ преку музика, поезија, танц и раскажување приказни. На сцената настапија словенечки уметници од различни генерации, кои со своите толкувања ја поврзаа историската меморија со креативната моќ на модерна Словенија. Посебно внимание им се посвети на младите уметници.
На претставата настапија Симфонискиот оркестар и мешаниот хор „Крешендо“, како и Детскиот хор на основното училиште „Алојзије Шуштар“. Музичката програма беше исполнета со патриотска содржина, а рециталите ги евоцираа мислите и зборовите на великаните на словенечката литература, меѓу кои Сречко Косовел, Иван Цанкар, Драготин Кете, Антон Ашкерец, Лили Нови и Јосип Стритар.
На прославата присуствуваа и офицери и бојни знаменосци на словенечката армија, полицијата, ветеранските и патриотските друштва, Полицискиот оркестар и гарда на словенечката армија и ешалонот на полицијата и словенечката армија. За прв пат надлетуваа и противпожарни авиони.
Словенија е нормална држава. Ние не сме.
ФБ став на Никола Петров
