Грчката поп-фолк легенда, Јоргос Мазонакис, почина на 54-годишна возраст во болница во Атина , објавија грчките медиуми.
Според првичните извештаи, причина за смртта бил срцев удар . Пејачот посетил приватна медицинска ординација со поплаки дека се чувствува лошо. Лекарите повикале брза помош откако ја утврдиле неговата лоша здравствена состојба, но и покрај напорите на медицинските лица, тој подоцна починал.
