Ненадејно почина хрватската инфлуенсерка Кристина Ковачевиќ

Ненадејно почина хрватската инфлуенсерка и блогерка Кристина Ковачевиќ Хитрец, авторка на популарната фејсбук-страница „Мамин блог“ . Ковачевиќ Хитрец беше мајка на шест деца, а последното го роди во април.

Ѓоковиќ се враќа на турнир каде што никогаш не загубил и освои шест титули
Платини го нападна Инфантино: Знаев дека ги сака парите и моќта
Лудница во последниот ден од преодниот рок: се чека и најголемиот трансфер во историјата на Премиер лигата
На пошироката јавност ѝ беше позната како авторка на „Мамин блог“, преку кој со години споделуваше искуства од мајчинството, семејниот живот и секојдневните проблеми со кои се соочуваат родителите. На блогот ја следеа повеќе од 100.000 луѓе, а за својата хуманитарна активност ја доби и престижната награда „Пркос на Хрватска“ (Ponos Hrvatske).

По разорниот земјотрес во Бановина, таа активно учествуваше во организацијата на помош за настраданите, вклучително со собирање и испорака на донации. Официјален документ од Градот Златар од 2022 година ја наведува како хуманитарка која им помагала на лица во социјален ризик преку својот блог, била дел од координацијата за помош на Сисачко-мославачката жупанија и се вклучила во згрижувањето на бегалците од Украина.

Градот Златар истата година ѝ додели посебно признание за нејзината помош во акцијата „Со големо срце за топол дом“.

За своето искуство со мајчинството таа зборуваше и за време на гостувањето во познатата емисија „Недела во 2“.

„За мене сето ова е нормално. Тоа е моето секојдневие, за друго не знам. Секој ден се соочувам со нови предизвици во мајчинството, како и сите мајки. Млада станав мајка и сакав повеќе деца. Јас едноставно сакам да бидам мајка и сакав големо семејство — мирно и стабилно. Секогаш сонував за тоа. Многу љубов, многу деца. Сакав да создадам нешто што го немав во сопственото детство. Секако, не одеше сè лесно. Јас имам поголем авторитет и го носам целиот тој товар на мој грб. Сопругот, секако, помага, но главните работи секогаш паѓаат врз нас, мајките“, рече таа тогаш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e