Костадинов и Дураки потпишаа договори за реализација на два проекта од областа на животната средина

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, денеска, потпишаа договори за доделување на финансиски средства за изработка на техничка документација за два проекта од областа на животната средина. Договорите се потпишаа во кабинетот на министерот Дураки, а средствата се доделени согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година.

Општина Струмица во оваа Програма учествува со два проекта: ревитализација на реката Водочница од уливот во Моноспитовскиот канал до границата со општина Василево во вредност од три милиони денари и вториот, изградба на базни корита во селото Габрово за зафаќање на водата со што ќе се спречат поплавите, а во вредност од еден милион и 250 илјади денари.

Проектите ќе бидат реализирани во текот на оваа и идната година.

20451758_1364990410221052_7887197751430090615_o

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e