Несреќа во штипско: Малолетник паднал од коњ и се здобил со тешки повреди

Вчера во 11:30 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од с.Почивало, општина Карбинци.

Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од коњ и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e