Почина уште едно обвинето лице за трагедијата во Кочани

Уште едно лице опфатено со обвинението за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ почина.

Станува збор за Љупчо Грнчиштанов, кој имаше 54 години и беше еден од обвинетите во предметот поврзан со пожарот во кој на 16 март загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Грнчиштанов во периодот од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршувал функцијата генерален инспектор, односно раководител на Инспекциската служба во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во рамки на судскиот предмет за трагедијата во Кочани, тој беше обвинет за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“.

Според достапните информации, Грнчиштанов поминал 77 дена во ефективен притвор, по што речиси 14 месеци бил во куќен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e