Безживотно тело на маж пронајдено во Тетово

Седумдесет и тригодишен жител на Тетово бил пронајден починат во својот дом, информираа од СВР Тетово.

Случајот бил пријавен на 17 јуни во 21:05 часот, кога било пријавено дека во куќа во Тетово е пронајдено безживотното тело на З.М. (73).

Лекар кој извршил преглед констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција во Судска медицина за утврдување на точните причини за смртта.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e