Турскиот претседател го фрлил писмото на Трамп во канта за ѓубре

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го фрли писмото од американскиот претседател Доналд Трамп „во корпа за отпадоци“, пренесе Би-Би-Си.

Во писмото од 9 октомври, испратено откако американските трупи се повлекоа од Сирија, Трамп му порачал на Ердоган: „Не глуми мангуп, не биди будала!“

Извори на англиското издание блиски до турскиот претседател соопштиле дека Ердоган ја отфрлил содржината на писмото.

На денот кога било примено писмото, Турција ја започна прекуграничната офанзива против силите предводени од Курдите.

„Ајде да направиме добар договор! Вие не сакате да бидете одговорни за убиството на илјадници луѓе, а јас не сакам да бидам одговорен за уништување на турската економија – а ќе го сторам тоа “, вели Трамп во писмото.

„Ако го направите тоа на правилен и хуман начин, историјата ќе ве памети за добро. Засекогаш ќе ве гледаат како ѓавол, ако спречите да се случуваат добри работи “.

Наместо да одговори, изворите од канцеларијата на Ердоган велат – „Претседателот го прими писмото и го фрли во корпа за отпадоци“.

Американскиот претседател беше остро критикуван за повлекувањето на трупите, велејќи дека со тоа дале  зелено светло на Турција за воен напад.

Голем дел од критиките доаѓаат од партијата Трамп.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e