По 30 часа борба – изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка

Пожарот што во саботата избувна на градската депонија во Крива Паланка е целосно изгаснат по речиси 30 часа интервенција, информираше командирот на ТППЕ Крива Паланка, Иле Коцевски.
Иако пожарот бил ставен под контрола во текот на вчерашниот ден, повеќе жаришта и создавањето запаливи гасови го отежнувале гасењето. Интервенцијата завршила околу 22:30 часот.
На терен учествувале пожарникари од Крива Паланка и Ранковце, екипи на ЈП „Комуналец“, Дирекцијата за заштита и спасување и Општина Крива Паланка, како и приватни компании од регионот.
Денеска на депонијата се очекува да бидат донесени околу 50 камиони со земја за затрупување на критичните делови и дополнително обезбедување на просторот. Екипи на „Комуналец“ остануваат на терен и ќе ја следат состојбата за да спречат повторно разгорување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e