Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81% во однос на одлуката од 4 август.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 6,186%, кај дизелот за 10,435%, кај екстра лесното масло за 8,138% и кај мазутот намалувањето е за 7,151%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,0313%.
Од 11 август од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин Еуросупер БС-95 – 87,00 ден/л
моторен бензин Еуросупер БС-98 – 89,00 ден/л
дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 91,50 ден/л
масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 92,50 ден/л
мазут М-1 НС – 43,538 ден/кг
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 4,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 8,00 денари/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,00 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,881 денари/килограм и сега ќе изнесува 43,538 денари/килограм.
