Па добро бре, толку ли е тешко да научат дека на нашето знаме има сонце со 8 (со букви: осум) краци.
“Патриотиве” што одат на екскурзија надвор од државата ставија 12 !!!!
Со години ни објаснуваат кој е патриот.
Кој е предавник.
Кој ја сака Македонија, а кој не.
А на официјална прослава на македонската независност, не успеаја да го погодат ни македонското знаме.
Осум зраци, луѓе. ОСУМ!
Не треба историчар.
Не треба експерт.
Не треба комисија.
Треба само да погледнеш.
Но тоа е проблемот со квазипатриотите:
Најгласни се кога треба да кажат кој е патриот, најодлучни кога има патриотски тендери, ама најслаби кога треба да покажат што знаат за Македонија.
За нив патриотизмот е парола, тупаница во воздух и сценографија, позади која ќе си терааат патриотско крадење на патриотски денари преку патриотски тендери.
Толку се грижат кој ја сака Македонија, што заборавија како изгледа знамето.
Добро, ништо ново- минатиот месец на Букефал му ставија 5 нозе.
Ајде, ќе се видиме на дебати.
Едвај чекам да ви го слушнам правдањето, кое уште отсега е смешно.
ФБ став на Андреј Жерновски
