Пацоли донираше милион евра за обновување на подрачјата погодени од катасрофалниот земјотрес во Албанија

Еден од најбогатите Албанци во светот и косовски вицепремиер и шеф на дипломатијата во заминување,Беџет Пацоли донираше милион евра за обновување на подрачјата погодени од катасрофалниот земјотрес во Албанија,јави тиранската телевизија Ора њуз.

Преку статус на Фејсбук, Пацоли објави дека тој и неговото семејство се шокирани од ситуацијата создадена во Албанија по силните земјотреси.

-Бев шокиран кога ја видов штетата во човечки животи и во инфраструктурата што ги предзвика катастрофалниот земјотрес во Албанија. Ова бара солидарност и поддршка за да се обезбеди погодените граѓани што побрзо да може да се вратат во нормалниот живот. Одлучивме, заедно со моето семејство (со синовите Иса и Рухан Пацоли) да донираме милион евра за обнова на подрачјата погодени од земјотресот. Оваа донација ќе биде во функција на обнова и ќе се менаџира на транспарентен и сигурен начин со Владата на Албанија,напиша Пацоли.

Исто така тој наведува дека се добредојдени во Приштина и семејства од Албанија.

-Ова е најмалку што може да направиме, јас и моето семејство за нашата сакана Албанија. Подршката за нашите браќа ќе подолжи со надеж дека набрзо тие ќе се вратат во нормала.

Јас исто така на организран начин ќе прифатам и стотици семејства во Приштина,- напиша Пацоли.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e