Најмалку тројца мртви во невремето и поплавите во јужна Франција

Најмалку три лица загинаа во невремето и поплавите што го зафатија југот на Франција оваа недела, соопшти денеска француската Влада.

Бурата и поројниот дожд беа толку интензивни што носеја автомобили во некои градови во регионот.

Ширум Франција, улиците и патиштата се сериозно оштетени и покриени со кал.

Францускиот метеоролошки институт вчера објави дека невремето и поројните дождови и денеска ќе се задржат во јужна Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e