Најмалку 157 лица загинати од почетокот на протестите во Ирак

Најмалку 157 лица, најголемиот дел демонстранти, загинаа од вторникот до денеска во антивладините протести во Ирак, соопштија ирачките власти.

Во 70 отсто од смртните случаи на демонстрантите, протестирачите биле застрелани од огнено оружје.

Властите соопштија и дека повеќе команданти од службите за безбедност се разрешени во седум од 18 ирачки провинции.

Демонстрации се одржуваат во Багдад и други, претежно јужни градови. Демонстрантите најчесто се млади луѓе кои бараат отворање нови работни места, сузбивање на корупцијата и функционална јавна администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e