Мицотакис бара солидарност од префектите од цела Грција за бегалското/ мигрантското прашање

Не може да се борам и да барам солидарност од Европа кога не постои солидарност меѓу нас, им рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на префектите од целата земја во однос на бегалското/ мигрантското прашање и побарал од нив са покажат солидарност за островите, паралелно владата најавува изградба на затворени центри за мигрантите, но и вработување на над 1000 лица за чување на границите и прифатните центри, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова барање на Мицотакис по негативните реакции и протести на локалното население во одредени делови на Грција за пренесувањето бегалци и мигранти од островите во останатите региони низ земјата.

На средбата во премиерската палата со 13те префекти , Мицотакис рекол дека актуелната влада следи поинаква политика за конкретното прашање.

-Го сменивме законот за азил, го направивме построг. Следиме различна политика во чувањето на границите. Одиме кон формирање затворени центри за да контролираме кој влегува и кој излегува, рекол Мицотакис.

Министерот за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис истакнал дека пред сè, мора да гарантираат дека Грците се безбедни и се чувствуваат безбедно и додал дека ќе се вработат 400 гранични полицајци во Еврос (на границата со Турција), 500 нови службеници во службите за азил и 800 лица задолжени за чување на границите на островите и прифатните центри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ