Избија судири меѓу припадници на турската и на курдската заедница во Ротердам, уапсени 23 лица

 Холандската полиција уапси 23 лица поради нередите кои избија во Ротердам за време на протестите поради офанзивата на Турција во Сирија. Судири избија меѓу припадници и турската и на курдската заедница.
На демонстрациите во центарот на градот, синоќа прво се собраа Курдите, кои ја осудија офанзивата во Сирија, а потоа почна и контра-митинг на припадниците на турската заедница.
Во нередите тројца полицајци се полесно повредени.
Турција на 9 октомври почна офанзива против курдските милиции во Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e