Дендиас изрази поддршка и солидарност до Албанија

Поддршка, солидарност и сочувство за Албанија и албанскиот народ изрази министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, од Драч и Тирана, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија се сретна во Тирана со претседателот на Албанија, Илир Мета, а по средбата рече дека Грција има големо искуство со земјотреси, две грчки спасувачки единици се веќе во Албанија.

– Подготвени сме да помогнеме на кој било начин, за која било помош и да е потребна од Европската унија, но и генерално. Господине претседателе, дозволете ми да изразам сочувство кон народот во Албанија и надеж дека ќе се вратам во Тирана по подобри услови, рече Дендиас по средбата со Мета.

Шефот на грчката дипломатија, претходно, заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама, беа на местото каде што интервенираа грчките спасувачки единици, односно за пронаоѓање граѓани од урнат објект во Драч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e