Наскоро пак продолжен викенд: Еве кога точно се паѓа

По првомајските празници, многумина веќе го планираат следното кратко бегство и продолжен одмор. Следниот неработен ден за сите граѓани во Македонија е 25 мај, понеделник, кога се празнува Св. Кирил и Методиј, што носи нов продолжен викенд и можност за мини одмор, патување или време со семејството.
Бидејќи 24 мај годинава се паѓа во недела, понеделникот автоматски станува неработен ден, па граѓаните ќе можат да уживаат во три слободни дена по ред.
2026 година носи повеќе вакви можности, а календарот е исполнет со празници кои создаваат продолжени викенди и простор за подобро планирање на одморите.
Меѓу следните продолжени викенди се и:
3 август – Ден на Републиката
12 октомври – Ден на народното востание
23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба
Дополнителни слободни денови ќе има и за граѓаните од различни вероисповеди, што значи уште повеќе можности за одмор во текот на годината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e