Премиерот во Виена упати апел за враќање на дијаспората. Не знам кои аргументи ги искористил, претпоставувам дека им зборувал и за вицепремиерот за добро владеење кој доаѓа од дијаспората, кој не оди на работа, неговите колеги не знаат каде е, а сепак прима плата.
Таков пример нема во ЕУ.
За жал, ваквото однесување, заедно со многу други ситуации, прво партијата, па потоа функционирањето на Владата, носи штета, пред сѐ, на интересите на граѓаните.
И тоа е една работа што мора во иднина да се промени.
ФБ став на Јани Макрадули
