• Можи Мицко колку сака да ја проширува и надградува арамиската и преварантска агенда на унгарскиот бегалец;
• Можи да врши притисок врз синдикатите и да го загушува секој обид кој “мириса“ на масовен протест;
• Можи преку корумпираните медиуми папагалски да ја повторува мантрата дека сме трета економија во Европа;
• Можи Лигња да сее магла дека автопатот Прилеп-Битола, на кој нема жив чоек ни градежна машина, се гради со засилено темпо.

Можат да го лажат и да го крадат македончето, ама не можат својата „успешна приказна“ да му ја продадат на Брисел. Оттаму на македонските власти деновиве им стаса јасна и недвосмислена порака:

Во моментов не постои доволна политичка волја за реформи, особено во делот на владеењето на правото и независноста на судството;

Уставните измени остануваат услов без кој преговорите со ЕУ не можат да продолжат;

Во последната година не видовме никаков напредок, ниту реформска агенда;

Доколку Македонија не ги спроведе потребните реформи, средствата – вклучително и 47 милиони евра – ќе бидат пренасочени кон соседните земји.

Ова е реалноста, а вие се’ уште… барем засега… можите да го нишате возот за да мислат патниците дека се движи!
ФБ став на Зоран Милошески