Деновите среда и четврток (20/21 Мај 2026) ни носат постабилно и променливо време со сончеви периоди, а ќе биде и значително потопло преку ден со температури околу просекот за овој период од годината. Сепак ќе има услови за локален слаб дожд а исто така ќе биде и ветровито со повремено засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од 50 до 60 км/час.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо, значително потопло и ветровито со сончеви периоди. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој во делови од котлината може да достигнува брзина од 50 до 60 км/час.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 11 степени а преку денот таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 25 степени.
