Деорбанизација – Маѓар ги постави правилата за размонтирање на корумпираниот систем

Во само 3-4 дена после победата на парламентарните избори, Петер Маѓар ги постави правилата за размонтирање на корумпираниот систем и деорбанизација на земјата:
• Расчистување со криминалот и криминалното опкружување на довчерашниот неприкосновен владетел Виктор Орбан;
• Поправање на нарушените билатерални односи со земјите членки на ЕУ, првенствено со Полска, за да ги обезбеди замрзнатите милијарди од ЕУ кои се од животно значење за економијата на Унгарија;
• „Унгарија нема да биде депонија на странски криминалци“, изјави Маѓар и најави екстрадиција на Грујо и на поранешниот министер за правда на Полска, Збигњев Зиобро
• Гостувајќи на националната телевизија, Маѓар недвосмислено порача дека сите јавни медиуми ќе бидат слободни и независни, дека ќе го разреши комплетното раководство на државната ТВ и сите оние кои му овозможиле на Орбан најмоќната ТВ куќа да ја вклопи во своето приватно медиумско царство, со чија помош инсталираше режим и 16 години ја манипулираше јавноста, сееше страв и омраза, ги клеветеше политичките противници, ширеше руска пропаганда и ја дискредитираше ЕУ;
• Во изјавата после средбата со претседателот на Унгарија Тамаш Суљок, Маѓар изјави: „Претседателот на Републиката не е достоен да ја обедини унгарската нација, не е соодветен да биде нејзин идол и морален критериум, не е способен да биде чувар на законите, заради што веднаш после формирање на новата влада тој мора без одлагање да си даде оставка“.
Ова е единствениот начин за комплетно и детално расчистување со режим. Се’ друго е импровизација која, порано или подоцна, на новата власт ќе и’ се удри од глава. На секоја нова власт. Во било која држава!

ФБ став на Зоран Милошески 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e