НЗМ СО ОСТРА РЕАКЦИЈА ПО РЕШЕНИЈАТА ЗА ПОВРАТ НА СУБВЕНЦИИ Срамно и понижувачки е да се санкционираат луѓето кои со својот макотрпен труд и пот го полнат државниот буџет

РЕАКЦИЈА НА НAЦИОНАЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА:
СООПШТЕНИЕ ДО СИТЕ ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИ!
Како Национална земјоделска мрежа, јавно реагираме во врска со издадените решенија за поврат на субвенции кај одреден број тутунопроизводители од страна на Платежната агенција (АФПЗРР).
Платежната агенција во своето образложение наведува дека при теренски контроли се констатирани отстапувања од преку 30% помеѓу пријавените и реално засадените површини
АГЕНЦИЈАТА ПРАВИ ГРУБ ПРЕКРШОК НА ПОСТАПКАТА
Законските одредби се јасни:
1. При секоја теренска контрола (од ДЗИ или преку сателит), ЗАДОЛЖИТЕЛНО се изготвува писмен записник.
2 .Тој записник МОРА да му биде доставен на тутунопроизводителот или тој да биде повикан во Подрачната единица на МЗШВ за да биде запознаен и да го потпише.
3. Ако не ви е доставен записник и не сте знаеле за контролата, направена е суштинска повреда на постапката и решението за поврат на пари ПАЃА НА УПРАВЕН СУД!
ЈАВЕН ПОВИК ДО ОШТЕТЕНИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ
Ги повикуваме сите тутунопроизводители кои добиле вакви решенија, во законски рок од најдоцна 30 дена од приемот, да поднесат адвокатска жалба/тужба до Управниот суд!
АПЕЛ И ПОРАКА ДО АФПЗРР
Бараме ВЕДНАШ ДА БИДАТ ПОВЛЕЧЕНИ ОВИЕ РЕШЕНИЈА!
Повеќе од јасно е дека тутунопроизводителите, поради неинформираност и недостаток на стручна помош од институциите, несвесно направиле технички пропусти. Овде нема никаква свесна или тенденциозна злоупотреба!
Срамно и понижувачки е да се санкционираат луѓето кои со својот макотрпен труд и пот го полнат државниот буџет.
НАЦИОНАЛНАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА ЦЕЛОСНО И БЕЗРЕЗЕРВНО СТОИ ЗАД ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e