Жути жутују, црвени путују!

Текстот е превземен од Civilmedia.

Значи, направени се 28 километри автопат, за повеќе од 6 години градење. Да ти имало 6 моста и два тунели, две клучки и 100 канали за одводнување, а по „пистата“ ќе се движат 730.000 возила годишно.

Цена, дребулија: 230 милиони евра (според ТВ21), односно 228 милиони евра (според ТВ Телма), односно 218 милиони евра (според ТВ Сител), односно 270 милиони евра (според ТВ Канал 5), односно 227 милиони евра (според ако.мк), односно 218 милиони евра плус 10 милиони за надзор (според сдк.мк и мкд.мк), односно 0 милиони евра (според фактор.мк, каде во веста и нема сума колку чини автопатот)… Како што гледате, ме фати инает, проверив десетина информативни извори и не наидов на две исти суми! Нејсе.

Во просек, годишно се граделе околу 4 километри пат, секој километар по 7-10 милиони евра, зависи која сума ја делите. Тоа е без пресметани камати, а такви ќе си се појават, уредно, за нешто. Макар за судските трошоци, додека не дознаеме кој земал, како земал, дали земал и каде е провизијата.

Тажна е таа приказна, на која инсистира опозицијата, за тоа кој политичар бил заслужен за изградбава на патот. Единаесет години беа на власт, „мочани“ 28 километри пат не доградија, за да ја исечат и таа црвена лента, па сега „крив им е Миленко!“ (Таква е изреката, не мислам на моралниот гном кој спадна да цвили по Фејсбук.)

А и што има врска кој го пуштил во употреба? Бидејќи, за патот се знае кој е заслужен: даночните обврзници на Република Македонија, од чии пари се градел и ќе се отплаќа патов.

На страна и фалбите на Европската Унија дека и таа „вложува“ во транспортната инфраструктура на земјава, кога инвестираните пари во најголем дел се европски кредити – со исклучок на грант од 45-70 милиони евра, бидејќи и за тоа информациите во нашите медиуми се малку различни! – што овие и идните македонски генерации ќе мора да ги враќаат. Добро, поволни се кредитите, не велам, ама немојте со таа реторика дека „ЕУ вложува“… Да си имаме уважување.

Целата колумна на Сашо Ордановски за Civilmedia прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e