На 25-годишнината од Рамковниот договор, во Македонија повторно се будат демоните од едно не така дамнешно минато:
• физички напади од силеџии на ДПМНЕ врз млади луѓе од СДСМ и цртање кругови околу нивните глави;
• јавно објавување на доверливи полициски документи на партиски прес-конференции и во медиумите под контрола на власта;
• закани по живот кон слободномислечки новинари;
• со повреди на телото и во неразјаснети околности, пронајден мртов директорот на Алсат ТВ;
• уличарски и полн со омраза речник на високи партиски и владини функционери на чело со премиерот Мицкоски;
• клеветнички прес-конференции насочени кон актуелниот претседател на СДСМ и неговиот претходник;
• омаловажување и навреди на „обичните“ граѓани кои размислуваат различно од владејачката партија.
Злите духови излегоа од устата на ѕверот.
МВРО-ВМРО воскресна, навистина воскресна
ФБ став на Зоран Милошески
