Аларм за 5000 помалку запишани ученици – демографијата не е партиска тема, или тема за под тепих

Алармот за 5000 помалку запишани ученици, не треба да го намали, туку да го прекине ПР водењето на државата.
Бидејќи ПР не е државна политика, а демографијата не е партиска тема, или тема за под тепих.
Молкот не е неутралност, тој е соучесништво.
Затоа демографијата не смее да биде уште една тема за дневнополитички пресметки, туку национален договор. И власта и опозицијата имаат заедничка одговорност да изградат политика што ќе ги задржи луѓето дома. И не само партиите, сите чинители што ја сакаме Македонија.
Разумот мора да ги победи пресовите, соопштенијата и навредите. Во спротивно, ако продолжиме да водиме ПР наместо држава, наскоро нема да има кој да работи, кој да создава, ниту кој да полева вода во дата-центрите.
Време е власта да престане да демонстрира сила, а да почне да покажува разум.
Политиката не се брани со мускули на хормони од Тему, ниту се наметнува со ќотек. Таа се заслужува со работа, резултати и доверба кај граѓаните.
И, нема оправдување за состојбите во иднина со молкот денес…
ФБ став на Јани Макрадули

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e