Гостиварка го лажела партнерот дека е бремена, му собрала 18.000 евра

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 33-годишната Е.Р. од селото Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Според информациите од полицијата, пријавената го довела во заблуда својот партнер од Косово, лажно тврдејќи дека е бремена. Нејзиниот партнер, верувајќи во нејзините тврдења, во неколку наврати ѝ префрлил вкупно 18.000 евра преку системи за брз трансфер на пари.

Измамата завршила откако жената конечно му признала дека ги измислила бременоста и татковството единствено за да извлече парична корист од него.

СВР Тетово го документираше случајот и го предаде на понатамошна постапка. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e