Мицкоски: Пензиите растат за 325% побрзо

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека просечната плата и старосната пензија растат значително побрзо во периодот на актуелната Влада, споредено со претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ.
Мицкоски, во гостување на ТВ Сител, рече дека според неговата анализа, просечната плата од јули 2024 до мај 2026 година растела 70 отсто побрзо на месечно ниво во споредба со периодот од јуни 2017 до мај 2024 година.
За старосната пензија, тој тврди дека месечната стапка на раст е 325 отсто повисока во споредба со периодот на претходната влада.
Мицкоски нагласи дека податоците се темелат на официјалните статистички показатели и оти со нив, како што рече, „не може да се манипулира“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e