Тешко дека постои хроничар на двегодишното владеење на ДПМНЕ кој може да ги стави на хартија сите скандали на владејачкото мнозинство, сите нивни лаги, арамилаци, коруптивни тендери, сите уништени соништа и надежи на младите генерации, милијардите евра со кои не’ задолжија нас и неродените поколенија, неконтролираното континуирано дивеење на цените на прехранбените и останатите производи, сите понижувања на граѓаните од страна на одчовечените ковачи на туѓи животи со ампутирана совест и емпатија.
Труењето на жителите на Гостивар преку системот за водоснабдување, информативниот мрак кој за многу скоро целосно ќе го прекрие веќе окупираниот медиумски простор, галопирачката сиромаштија и свесното одбивање да се направи чекор напред до бриселските порти, исто така се дело на неспособната, корумпирана и ненародна власт.
А, впрочем, што чаре дури и ако се набројат стотиците други (не)дела на забеганата власт?
Зарем после она кое секому од нас како темно петно ќе остане врежано во сеќавањата – масовното убиство во кочанската шупа, воопшто и може да се зборува за нешто коешто кај обичниот простосмртник би ги разбудило сетилата за достоинство, бунтовност, храброст, барање одговорност и санкции за инспираторите и сторители на грозоморниот чин, но и за сите други злосторства врз сопствениот народ направени за време на нивниот мандат?
Не, не е до нив, до нас е!
И затоа, наместо да ја проколнувате темнината, подобро запалете го светлото!
ФБ став на Зоран Милошески
