Криминалниот проект,, Скопје 2028” еден месец ќе мирува. Повлечен е поради немање Бадентер, пцостите и навредите во Законодавниот дом и жестоката реакција на јавноста. И додека за онколошките и за пациентите со ретки болести, законот за јавни набавки мора до запирка да се спроведува и болните да ги чекаат со денови и месеци лековите кои за нив живот значат, власта имаше намера за набавките за проектот ,,Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за Фондацијата да не се применува Законот за јавните набавки. За овој проект се предвидени 21 милион евра од кои 95 отсто се средства од државниот буџетот и буџетот на Град Скопје, а 500.000 евра од Европските фондови. Постапките ќе ги спроведува Фондацијата, каде градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и покрај жестоките реакции на дел од опозициските советници, за директор го устоличи ексдиректорот на Македонската радио телевизија Марјан Цветковски, човек на кој Управата за финансиска полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреби и милионски штети за време на неговото 15 годишно раководење со националниот сервис, кое ревизорите го оценија како катастрофално и презадолжено. Го загуби и спорот со новинари но одлуката не можеше да му биде доставена на 200 метри од Судот до МРТВ и не можеа да го пронајдат.
Нетранспарентното ,,лапање” пари ќе почека пратениците да се вратат од одмор, или доколку некој не не освести дека во земја која вели дека има европски вредности, не смее да се носи закон кој создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци.
ФБ став на Катерина Цаневска
