Вработен во МВР возел без возачка и со брзина поголема од дозволената

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против А.Ј. од Куманово, вработен во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување со моторно возило“.

На 22.04.2026, пријавениот управувал со возило без положен возачки испит и со брзина поголема од дозволената. Одделот за внатрешна контрола поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e