Џемот од смокви е еден од најубавите деликатеси во слатката зимска сезона. Се прави од само неколку состојки и не бара комплицирана подготовка.
Рецепт за џем од смокви
Состојки:
2 кг смокви
350 г шеќер
2 ванилин шеќери
сок од 1 лимон
рендана кора од 1 лимон
Подготовка:
Избришете ги смоквите, отстранете ги стеблата и исечете ги. Не е потребно да ги лупите, кората ќе му даде на џемот поубава структура. Ставете ги смоквите и шеќерот во длабок сад и варете околу 45 минути, мешајќи повремено. Потоа додадете ванилин шеќер, сок од лимон и рендана кора од лимон и добро измешајте сè. Истурете го топлиот џем во чисти и правилно подготвени тегли, затворете ги и оставете ги да се оладат според постапката за безбедно зимско складирање.
