Зарем мојот пасош е помалку важен од оној на Груевски, Мијалков, Јанакиески и останатите од бандата?

Зарем мојот пасош е помалку важен од оној на Груевски, Мијалков, Јанакиески, Грујовски, Јанкуловска и останатите од бандата?
И јас го понудив пасошот за да се бранам од слобода ама тогаш Дијана Груевска, Гоко Ристов, Јани Ница, Горан Бошевски, Весна Димишкова па и Лиле Стефанова (сега во СЈО) велеа дека сум криминалец и ке избегам… дека немам многу имот на мое име и дека и затоа ке избегам…
А сега што со овие а?
Дијана, Гоко, Јани, Горан, Весна, Лиленце…за мене велевте оти сум криминалец, а за овие не се изјаснувате… За нив молчите, или едвај чујно им ги споменувате имињата…
Мене на глас ме нарекувавте криминалец, а демек овие џанам се од МАНУ…
Кутри Вие… Сега кога се разминувате со мене ја веднете главата до земја…
Какво судство имаме… Какви судии и обвинители имаме… Бангладеш може да ни позавиди..

Томислав Кежаровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e