За прв пат Груевски како лидер има понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ како партија

Добив еден тон пораки во Инбокс, кога ќе биде готова анкетата на Телма. Анкетата е готова и обемна, ќе биде презентирана во два дела среда и четврток. Од она што може да ви откријам е дека за прв пат по 11 години имаме нова политичка реалност во Македонија и феномени кои до пред неколку месеци беа незамисливи. Еден од тие феномени е дека за прв пат Никола Груевски како лидер има понизок рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ како партија, на пример. Рејтинзи, крос-табулации, оценка на првите 100 дена од влада, очекувања од локални избори -презентации и графикони среда и четврток на Топ тема на Телма.

Атанас Кировски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e