ВМРО-ДПМНЕ не смее да се врати на власт

1. ВМРО-ДПМНЕ не смее да се врати на власт.
Никогаш.
Под која било цена.
Ако Македонија треба да се принесе како жртва на олтарот на исчезнувањето, тогаш тоа треба да се стори како подостоинствен избор пред изборот на смртта како финале на нивната мисија.
2. ВМРО-ДПМНЕ станува реален предмет на законски, морален, институционален и културолошки прогон, а не жртва каква што сега се прикажува, како непојмливо зло, без пардон, по која било цена.
3. Општеството е објект кој мора да го помине процесот на денацификација, односно детоксинацијата, во развој во кој мора да се вклучат сите политички, институционални, медиумски и културни инстанци.
4. ВМРО-ДПМНЕ, со други зборови, мора да се третира како туѓо, злобно и зло тело кое општествениот организам мора да го исфрли од себе ако сака да преживее и да се развива.
5. Сите ризици на таа борба се прифаќаат со тоа што стремежот мора да биде тие да се минимизираат.
6. Не можете да бидете Македонци и да бидете вмровци, не може да постојат на еден простор и политички систем и ВМРО и Македонија.
7. Жал ми е за некои добронамерни луѓе кои во овие постулати ќе ја откријат својата заблуда или, поверојатно, непријателски став кон класичната македонска кауза, но, тоа тоа, тие се во криво и особено ќе бидат ви криво ако победат.

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e