ВМРО ДПМНЕ го пушти низ вода Зврлевски

ВМРО ДПМНЕ го пушти низ вода Зврлевски. Воодушевен сум од предлогот на Илија Димовски и да ја прекине одбраната на јавниот обвинител Марко Зврлевски во замена наредениот јавен обвинител да се бира во парламентот со двотретинско мнозинство. Значи да се избере на свети никогаш.

Подобар доказ од ова дека ВМРО ДПМНЕ ја попречува правдата и има уплав од соочување со судската постапка тешко може да се осмисли. Значи Зврлевски може веднаш да си замине само ако нема јавен обвинител, или ако го има да биде назначен од фамилијата. Овој срамен пазарлак за гола кожа Димовски го нарекува фер понуда. Нуди еден Марко Зврле за 30 осомничени за тешки кривични дела. Абе Илчо, црни Илчо домашниот пазар не излегува во чаршија. Нема бегање од правдата. А, и да избегате ке ве стаса кај и да е.

Ерол Ризаов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e