ВМРО-ДПМНЕ дволична!

Барате почитување на правото, вие кои крадевте безмилосно на избори, со судството и обвинителството бришевте патос, медиумите ги корумпиравте, МТВ го направивте партиска непрофесионална огласна табла. Го криевте убиството на Мартин Нешковски. Сега сакате процедура во Законодавниот дом! Зарем не се срамите? Па вие наредивте да се влечат и исфрлаат пратеници и новинари од само да можат да го изгласаат буџетот и да трошат безмилосно.
Вие барате правда и почитување на правото и презумпцијата на невиност? Вие држевте во притвор новинар за напишан текст, вие со лисици на раце влечевте родители пред очите на нивните малолетни деца.
Вие зборувате за домаќинско работење и грижа за граѓаните, а милиони потрошивте за шмизли и галии, ја украдовте Македонија! По 11 години се сетивте на платите на лекарите и админситрацијата, на продолженото породилно боледување на радио-дифузната такса. Зошто тоа не го направивте кога бевте власт? Или немавте време од крадење?
Народот памети, доста со дволичност! И тргнете ги кучињата кои лаат и се закануваат!

Катерина Цаневска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e